Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Дедо Илија Крчовалијата

Роден е во с.Крчово, Демирхисарско, во 1856 година. За време на Кресненско-Разловечкото востание е четник во четата на С.Карастоилов. Ајдутува во Македонија до појавата на ВМОРО и во 1897 година, по наговор на Г.Делчев, се вклучува во нејзините редови и раководи со чета во Серско и Демирхисарско. Од 1899 година е војвода во Неврокопско. Од 1902 година е демирхисарски околиски војвода. Во летотро 1903 година е делегат на конгресот на Серскиот револуционерен округ од Демирхисарско.

За време на Илинденското востание дејствува во родниот крај заедно со Ј.Сандански.

По Илинденското востание се прогласува против Сандански и е отстранет од округот. Од 1906 година до 1908 година е определен за пунктов началник на ВМОРО во с.Рила.

По Хуриетот се легализира и враќа во Крчово, но во 1909 година е уапсен и осуден на доживотен затвор за подготовка на атентат врз Ј.Сандански. Во 1911 година е амнестиран. Награден е со Орден на честа за учество во Балканската војна во 1912 година.

Умира во Крчово во 1918 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik